Богдана ќе ја породи истиот доктор кој ја породил и Цеца!

Фотографија: Damir Dervišagić

Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ наскоро треба да се породи и на свет да донесе машко дете.

Како што пишува „Блиц“, породувањето ќе се случи во една приватна клиника во Белград, а жената на српскиот боксер ќе ја породи истиот доктор кој ја породи и Цеца Ражнатовиќ.

Фотографија: Damir Dervišagić

– Иако беше планирано да се породи во „Народен фронт“ во апартман каде се породил нејзиниот син Вељко, во последен момент членовите на семејството Ражнатовиќ ја промениле одлуката. Тие се чуствуваат најдобро ако биде породена од семејниот доктор. Во договор со него, решивме дека тоа ќе се случи во приватна клиника. Договорено е тоа да биде царски рез и да го направи доктор Пророчиќ, кој ја породуваше Цеца додека беше бремена со Вељко и Анастасија – рекол извор близок на семејството Ражнатовиќ.

– Се чини дека сите имаат трема, не само идната мајка. Вељко не ја симнува насмевката од лицето, додека Цеца едвај чека да го земе внукот во раце. Богдана е подготвена, торбата за породилиштето е исто така подготвена уште од моментот кога влезе во деветиот месец. Скоро е сигурно дека новиот член ќе го разгали тетката Анастасија, која на големо го испланирала секој подарок – навел соговорникот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот