Боење на косата по природен пат: Предностите од употребата на К’на

Фото: Профимедиа

Најголемата предност на К’ната е тоа што таа е природен начин за боење на косата.

Придонесува за ефект на црвена боја која издвојува по својата блескавост, за разлика од останатите руси и потемни нијанси на вештачки бои.

К’на се добива со сушење на растението „Lawsonia inermis“ во прав.

Индија: Продажба на бои за домашна употреба и К’на за коса

Растението се одгледува во потоплите региони, поради што најчесто купуваме K’на која доаѓа од Индија.

Во некои култури со К’на се црта телото на девојките особено во период на подготовката на свадба, но нејзината најчеста примена е за боење на косата во нашиот регион.

Невеста во Индија

Поволни ефекти од К’ната за нашата коса:

  • Ја храни косата правејќи ја погуста, посјајна и еластична;
  • Oвозможува природна црвена нијанса, што е тешко да се постигне со хемиска боја;
  • Ја обновува рамнотежата на скалпот, го смирува и олеснува чешањето што се јавува како резултат на прекумерна употреба на хемиските бои;
  • Не содржи ниту половина грам амонијак, таа е целосно нетоксична и хипоалергична;
  • Брзо и ефикасно го третира првутот;
  • Формира тенок слој на површината на косата што ги чува хранливите материи и ја штити косата од надворешни влијанија;
  • Доколку претерате со К’на, косата нема да ја уништите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот