Бодирога: Само еден АБА клуб во Евролигата, за два ќе видиме

Дејан Бодирога, прв човек на Евролигата/фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Легендарниот српски кошаркар Дејан Бодирога, сега прв човек на Евролигата, гостуваше во дневникот на „ТВ Нова С“ каде зборуваше за актуелните теми кога е во прашање овој спорт.

Сигурно најинтересни се неговите изјави поврзани со АБА лигата, односно дали регионалното натпреварување во иднина може да има двајца претставници во Евролигата.

Според Бодирога останува да се види што ќе донесе новиот формат на натпреварувањето:

– Евролигата засега му гарантира едно место на шампионот во АБА лигата. Со оглед на околностите, поради сè што се случуваше со руските клубови, Партизан доби вајлд-карта. Овој регион ѝ даде многу на европската кошарка – АБА имаше три претставници, се намали на два, па на еден. Треба да најдеме рамнотежа, да не гледаме само на пазарите, туку да најдеме рамнотежа што ќе ги задоволи сите. Ние секако ќе се грижиме за овој важен регион. Моментни што можеме да кажеме – еден претставник од АБА лигата. Но, ќе видиме што ќе донесе новиот формат на натпреварување во иднина – рече Бодирога.

Македонија повторно има претставник во регионалното натпреварување, нашиот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој ја стартуваше сезоната со убедлив пораз на гостувањето кај актуелниот првак Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот