Црвена Звезда сепак е „преголем залак“, МЗТ Скопје со пораз ја стартува сезоната во АБА лигата

Фото: МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје новата сезона во АБА лигата ја започнаа со пораз од Црвена Звезда на гостински терен со 67:87. Поразот за клубот од Аеродром и беше очекуван затоа што против себе го имаа актуелниот шампион во регионалното натпреварување.

Црвена Звезда натпреварот го реши во втората четвртина од натпреварот која противникот ја доби со 26:13 со што се одлепи на убедливи плус 17 и на паузата од полувремето замина со 39:22.

Третиот период од натпреварот ја донесе и највисоката предност на Црвена Звезда од +27 до која стигнаа со серија од 14:2, меѓутоа ниту тоа не ги откажа кошаркарите на македонскиот шампион. Следуваат неколку тројки со која разликата се намали на 20 поени.

Последната четвртина донесе изедначена кошарка во која и двете екипи наизменично поентираа, па конечниот резултат гласеше 87:67.

Војдан Стојановски со 17 поени беше најефикасниот кај МЗТ,  Бојан Крстевски додаде 13, а Миќовиќ 12 поени. МЗТ нема да има лесна задача и во второто коло затоа што на домашен терен го пречекува Партизан. Овој натпревар се игра во понеделник од 16:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот