Близок пријател со тажни вести за состојбата на Шумахер! - Слободен печат
ОстанатoСпорт

Близок пријател со тажни вести за состојбата на Шумахер!

Жан Тод, близок пријател на седумкратниот Формула 1 шампион е еден од ретките луѓе кои го посетиле Шумахер од неговата трагична несреќа.

Тод ја изрази својата тага поради фактот што неговото пријателство со седумкратниот светски шампион не може никогаш да биде исто. Сподели и ретки информации околу здравјето на Шуми и инсистираше на тоа дека семејството продолжува да се грижи и бори за него.

– Неговото семејство се бори, нашето пријателство не може да биде исто како што некогаш беше. Нема да постои истата комуникација како порано – вели Тод, шефот на ФИА.

Шумахер по несреќата  во зимскиот центар Мерибел во 2013 година, шест месеци беше во медицински-индуцирана кома. Подоцна беше префрлен на понатамошна рехабилитација на Универзитетот во Лозана, пред да биде преместен во неговиот дом во Швајцарија.

Лука Бадоерс, поранешен колега на Германецот откри дека само ограничен број на луѓе имаат пристап да го посетат Шумахер поради неговата моментална состојба.

– Само на неколку луѓе им е дозволено да го посетат Шумахер. Неговата сопруга Корина решава на кого му е дозволено да го видат – рече Бадоер за „Експрес“.

На поранешниот тимски колега од Ферари, Бразилецот Рубенс Барикело не му беше дозволено да го посети својот пријател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close