Блесна новиот автобус на европскиот шампион Вардар (ФОТО)
Паркиран пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ каде што „црвено-црните“ ги играат домашните мечеви.
Препорачано
– Двете шампионски ѕвездички се веќе вцртани, а името Вардар доминира исто како што ракометарите доминираат во ЕХФ Лигата на шампионите и и во СЕХА лигата – велат од македонскиот и европски шампион.
Потсетување дека во Лигата на шампионите, ракометарите на новиот шпански тренер Писонеро ќе играат во групата Б заедно со Веспрем, Келце, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Монпелје, Порто и Кил.
Тренинзите веќе ги започнаа од 24 јули, а во Скопје ќе бидат до 2 август кога се заминува за Требиње (Босна и Херцеговина) каде што ќе ги продолжат летните подготовки, а потоа и ќе настапат на турнирот на кој ќе играат уште Борац Бања лука, Леотар, Металопластика, Бутан изола и Извиѓач во периодот од 9-11 август.
Потоа ќе учествуваат на „Супер Глоуб“ во Саудиска Арабија од 27 до 31 август. Освен Вардар, ќе партицираат и Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен првак), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њу Јорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија), Кил (Германија). Тие ќе бидат и последните средби пред официјалниот почетокот на СЕХА лигата и на групната фаза од ЛШ.


