Чупиќ: Вардар е топ екипа, секогаш „гладни“ за нови шампионски титули!

Фото: rkvardar.mk

Прв собир на Вардар кој официјално го означи стартот на подготовките за следната сезона. Нови засилувања во Вардар се: Димитар Димитриоски, Павел Атман, Хозе Гиљермо Толедо, Сергеј Горпишин, Артурс Кугис и Домен Сикошек Пелко.

Во следните седум дена, „црвено-црните“ ќе тренираат во Скопје, по што ќе се упатат во Требиње, каде ќе ги одработат главните подготовки.

Меѓу нив секако и хрватското десно крило Иван Чупиќ кој што да потсетиме беше клучниот со решавачки погодоци за двете европски титули на Вардар во 2017 и 2019 година во Лигата на шампионите.

фото: Слободен печат

– Како и секогаш Вардар е топ екипа која ги сака најголемите цели, да се натпреварува против најдобрите. Секоја сезона е сама по себе. Секоја екипа сака да стигне до врвот на европскиот ракомет, секогаш одат со намера да го земат „скалпот“ на најдобрите. Наша цел ќе биде да го повториме тоа што покажувавме досега во последните три-четири години и што се очекува од нас во наредниот период, а тоа е да одиме на Фајнал фор во регионалната СЕХА лига и да бидеме повторно дел од Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Келн – ни изјави ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ.

Верува дека истите големи успеси можат да се повторат и во наредната натпреварувачка сезона 2019/20, само треба трпение, бидејќи има и нови ракометари.

– Ништо не се менува од наша страна, имаме неколку нови играчи, тука со нас е и новиот тренер Писонеро, така што треба малку време, трпение сето тоа да се вклопи, но пак ќе кажам имаме доволно време. Тука со нас се секогаш навивачите, ни даваат поддршка кога ни е најпотребно, се надевам дека така ќе биде и во наредната сезона. Одиме чекор по чекор, мислам дека можеме да повториме сè што досега направивме и што се очекува од нас – додаде хрватското десно крило на „црвено-црните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот