Блескаше Ристовски во победата на Лемго за четвртфинале во Купот на Германија

фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Борко Ристовски, македонскиот голман имаше значаен придонес во триумфот на Лемго за пласман во четвртфиналето во ракометниот Куп на Германија.

Лемго со конечен резултат 32:27 успеа да го елиминира второлигашкиот клуб Елбфлоренц.

Нашиот чувар на мрежата запиша вкупно осум одбрани, а кај стрелците најефикасни беа Зендер и Хутечек со по шест голови.

Пласман во следната фаза обезбедија уште екипите на Гумерсбах, Магдебург и Рајн Некар Левен.

Потсетување дека Ристовски до крајот на 2022 година ќе игра на позајмица во Лемго, а потоа ќе се врати во редовите на Вардар 1961.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот