Блажевска Еминова со три рекорди на пливачкиот митинг „13 Ноември“

фото: фејсбук

Викендов во организација на Пливачкиот клуб „Бета Шаркс“ од Скопје на базенот Борис Трајковски се одржува осмиот Меѓународен пливачки митинг „13 Ноември“.

Во финалните трки пливачката на ПВК Орион од Скопје Миа Блажевска Еминова постави три нови рекорди на Македонија.

Во дисциплината 100 метри слободно постави нов кадетски и младински рекорд со време од 57:60 секунди.

Во дисциплината 50 метри делфин повторно го подобри својот рекорд што го постави во утринските квалификации и сега изнесува 28:51 секунди.

Воедно и пливачката на ПК Аква Про од Скопје, Ева Петровска постави нов Младински рекорд на Македонија во дисциплината 200 метри делфин со време 2:20:23 мин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот