Блажевска Еминова со норма за учество на Европското и Светското младинско првенство во пливање

На меѓународниот пливачки митинг „11 Април Гран при“ кој се одржа на 10-11.04.2021 во Белград (Србија), членката на П.В.К „Орион“ Миа Блажевска Еминова постави нови рекорди на Македонија во спринтерските дисциплини.

Во дисциплината 50 метри слободен стил имаше резултат 26,78 секунди, младински стар рекорд.

И на 50 метри грбно нашата натпреварувачка запиша време 30,68 секунди, младински и апсолутен стар рекорд.

Со овие времиња Блажевска-Еминова исполни критериумска норма за учество на Европското и Светското младинско првенство во пливање кои ќе се одржуваат ова лето.

На натпреварот учество земаа 470 пливачи од пет држави (Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија и Тунис).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот