Благодарение на Пике, Барса успеа да го регистрира Депај

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

На само еден ден пред првиот натпревар од новата сезона во шпанската „Ла Лига“, која ја отвора со Реал Сосиедад, Барселона објави дека има пријавено тројца играчи, од кои двајца дојдоа ова лето.

Во соопштението на каталонскиот клуб се наведува:

– Ги регистриравме Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Реј Манај. Ова успеавме благодарение на договорот со Жерар Пике. Заменик капитенот на Барселона се согласи на значително намалување на платата. Тренерот Роналд Куман на тој начин ги има сите играчи на располагање за неделниот натпревар од првото коло.

Ги продолжуваме преговорите со Серхио Бускетс и Жорди Алба, со цел да постигнеме договор со овие двајца капитени за прилагодување на нивните плати во ситуација во која се наоѓа клубот. Во овој поглед, мора да нагласиме дека и двајцата играчи се целосно подготвени за отстапки.

За потсетување, Барселона продаде голем број на првотимци во текот на летото, со цел да ги регистрира играчите за новата сезона на кои смета клубот: Жан-Клер Тодибо беше продаден во Ница за 8 милиони евра. Жуниор Фирпо замина во Лидс јунајтед за 15 милиони евра. Тринкао беше продаден на Вулверхемптон Вандерерс за 6 милиони евра.

Карлес Алења замина во Хетафе за 5 милиони евра, а Конрад де ла Фуенте беше продаден на Олимпик Марсеј за 3,5 милиони евра. За овие двајца играчи, клубот доби половина од споменатите суми како компензација бидејќи има опција за откуп. Договорот на Матеус Фернандес е раскинат – пренесуваат од ФК Барселона.

Иако се шпекулираше за заминување на Босанецот Миралем Пјаниќ, поради наводната мала минутажа која ја добива од Куман, ќе биде во составот за утрешниот дуел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот