денари
Фото: архива на „Слободен печат“

Бизнисменот Рафајловски: Министерска плата не смее да биде под 10.000 евра, но ако краде — 20 години затвор

Тој вели дека министерските плати треба да бидат многу повисоки, и со тоа да се сопре со темата колкави се платите на политичарите.

Стопанственикот Горан Рафајловски во синоќешното издание на емисијата „Бизнис 21“ на телевизијата „21“ изнесе мислење за висината на платите на функционерите. Тој рече дека министерските плати треба да бидат многу повисоки, и со тоа да се сопре со темата колкави се платите на политичарите.

„Мора да се сопре со тоа колкави се платите со политичарите. Ако сакате да нема крадење, тогаш треба да се платат. И да има награда ако донесе некоја голема инвестација и да сработи цел проект, да има награда… Па и милијарда евра да донесе, да му се даде награда. А платите… Е, сега многу ќе ме плукаат, но според мене, не смеат да бидат помали од 10.000 евра“, вели Рафајловски, појаснувајќи дека мисли на платите во владиниот кабинет.

„На министрите. Но, ако краде, ако е коруптивен, тогаш минимум 20 години затвор. Ќе видите дека државата ќе има помал трошок“, додаде Рафајловски.

Тој во истата емисија оцени и дека премиерот Христијан Мицкоски има искрена желба и визија за напредокот на Македонија, но и дека тимот што го избрал нема капацитет да ги изврши работите.

Мицкоски има силна и искрена желба, но тимот не му е добар, смета бизнисменот Рафајловски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот