Горан Рафајловски / фото: ТВ21 / скриншот

Мицкоски има силна и искрена желба, но тимот не му е добар, смета бизнисменот Рафајловски

Во последното издание на емисијата „Бизнис 21“, стопанственикот Горан Рафајловски даде своја анализа за работата на актуелната влада и за економските политики во државата.

Рафајловски, кој по подолга пауза од јавноста гостуваше во емисијата на ТВ „21“, оцени дека кај премиерот Христијан Мицкоски препознава „силна и искрена желба за напредок на државата“, но истовремено изрази сериозен сомнеж во капацитетот на владините кадри.

Според него, главниот проблем е што визијата на премиерот не се реализира соодветно на терен.

„Желбата на премиерот е извонредна, но тимот кој го избрал или не ја извршува работата како што треба, или нема доволно познавања за да ја реализира“, посочи Рафајловски.

Тој смета дека не е доволно некој само да биде поставен за министер, туку секој функционер мора да има јасен план и конкретни цели уште од првиот ден.

Рафајловски повика и на напуштање на, како што рече, „гломазните партиски програми“ и фокусирање на реални и остварливи проекти што ќе донесат конкретни резултати за граѓаните. Воедно, тој позитивно ја оцени мерката за доделување 250 милиони евра државна поддршка за домашното стопанство, нарекувајќи ја „одличен потег“.

Од друга страна, Рафајловски рече дека „не му се допаѓа“ мерката за намалување на ДДВ и акцизите на горивата, оценувајќи дека таквите мерки не се долгорочно решение.

Посебно внимание привлече и неговиот став за платите на функционерите. Според него, доколку државата сака да ја намали корупцијата и да привлече квалитетни професионалци, министерските месечни плати не би требало да бидат под 10.000 евра.

Просечната мартовска плата е 48.433 денари, инфлацијата изела 5,1 процент од растот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот