Фото: Screenshot

ВИДЕО | Бизарно исклучување во Премиер лигата: Фудбалер на Евертон доби црвен картон поради влечење за коса

Фудбалерите на Евертон и Вулверхемптон одиграа 1-1 во рамките на 21. коло во англиската Премиер лига, но во дуелот на „Хил Дикинсон“ видовме и две исклучувања.

Евертон поведе уште во 17. минута преку Мајкл Кин и ја чуваше предноста сè до 69. минута, кога Матеус Мане донесе израмнување за гостите и го постави конечниот резултат. Сепак, стрелецот на водечкиот гол од херој прерасна во трагичар во 83. минута. По еден воздушен дуел со Арокодаре, дефанзивецот на Евертон при доскокот неспортски го повлече противникот за коса. По реакцијата на ВАР-собата, судијата без двоумење му покажа директен црвен картон, и покрај бурните протести на искусниот стопер.

Станува збор за еден од најбизарните потези оваа сезона, а иронијата е уште поголема ако се знае дека Кин неодамна беше жртва на сличен инцидент, кога на мечот против Манчестер јунајтед негов соиграч и капитен, Идриса Гана Геј, се обиде физички да се пресмета со него.

За хаосот кај домашниот состав да биде целосен, во самата завршница црвен картон заработи и Џек Грилиш поради исмејување на судијата. И покрај тоа што останаа со само деветмина на теренот, фудбалерите на Евертон издржаа до крајот и сепак успеаја да освојат еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот