Битиќи: Помина на Влада законот за нефер трговски практики

Фатмир Битиќи - вицепремиер / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Помина на владина седница законот за нефер трговски практики, информира вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Во објавата на Фејсбук Битиќи објаснува дека со законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи.

-Се регулираат 26 нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Нема да се дозволи да се користи моќта на одредена компанија врз другите компании. Очекуваме да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите. Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика – вели во обајвата Битиќи.

Вицепремиерот додава дека со законот ќе се зголеми предвидливоста и сигурноста за работа и на добавувачите и на купувачите.

-Република Северна Македонија е единствена земја во регионот која со овој закон се приближува кон легислативата на земјите членки на Европската Унија, бидејќи истиот е резултат на директива на ЕУ, дополнително е чекор напред кон зацврстување на компетитивноста на домашниот пазар преку креирање на предвидлива и фер бизнис клима – пишува Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот