Бислимоски: Јас сум против зголемување на цената на струјата, а не сум против намалување

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски/ Фото: МИА

Според регулативата, цената на електричната енергија се менува два пати годишно – на 1 јануари и на 1 јули. Оттука, по првите најави за можното враќање на евтината тарифа, во јавноста се подгреаа и очекувањата дека тоа ќе се случи токму со нивата цена на електричната енергија. Бислимоски рече дека барања за цени се уште не дале сите компании од кои зависи промената на цената. Но тој изрчито потенцираше дека не е за зголемување на цената на електричната енергија, а дека не е противник и на намалување на цените.

– Денешна просечна цена на електрична енергија 50 евра за мегават-час, но тоа е во исклучителни денови, а просечната цена е некаде од 90 до 100 евра за мегават-час, а тоа е причина уште повеќе да ја релаксираме цената. Со воведувањето на блок тарифите се намали домашната потрошувачка на електрична енергија, намалена е цената на слободниот пазар, па се очекува еден дел од потрошувачите кои се на регулираниот пазар да се вратат на слободниот. Факт е и дека фотоволтаични централи треба да влијаат врз намалување на извозна зависност што веќе и се случува. За првите 4 месеци вкупниот увоз е 12,4 проценти, што не се склучило во последните 20-тина години кога во тој период бил меѓу 30 и 40 проценти. Од овие причини, сум противник на зголемување на цената на струјата – рече Бислимоски.

Во ова насока, вчера и министерот за економија Крешник Бектеши рече дека и да има враќање н ад анокот на ДДВ на 18 проценти од 1 јули, како што е според закон, од сегашните 10 проценти, тоа нема да се одрази на сметките на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот