Бил Гејтс со нова прогноза: Пандемијата за богатите ќе заврши до крајот на 2020 година, за останатите ќе потрае уште цела година

Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Гејтс финансира медицинско истражување и програми за вакцини преку својата Бил и Мелинда Гејтс Фондација.

Коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс проценува дека пандемијата од коронавирус за „богатиот свет“ ќе биде завршена до крајот на 2021 година, но на останатите ќе им биде потребно многу повеќе време за опоравување.

„Иновациите во дијагностиката, терапиите и вакцините се импресивни. Поради тоа сметам дека во богатиот свет може да ја окончаме пандемијата до крајот на 2021 година, а за остатокот од светот до 2022 година“, изјави Бил Гејтс за американскиот сајт СиНет.

Свесен дека пандемијата сите земји од светот ги врати неколку години наназад кога станува збор за економски раст, борбата против ХИВ, маларија, пишува Инвеститор.ме.

Гејтс го критикуваше американскиот систем за тестирање на коронавирусот, како и начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација се справуваат со ситуацијата. Отворено рече дека големиот број на случаи на коронавирус во САД се резултат недоволното тестирање и следењето на контактите, како и неносењето на заштитни маски.

Гејтс верува дека вакцина ќе биде развиена, но дека поради различни проблеми вклучувајќи го производството ќе може да им помогне само на побогатите земји.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот