Синиша Михајловиќ/EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Бездушни крадци извршиле грабеж во домот на починатиот Синиша Михајловиќ додека неговата мајка спиела

Срамна кражба се случила во Сремска Каменица, каде што две маскирани лица влегле во куќата на починатиот Синиша Михајловиќ, во која денес живее неговата мајка Викторија, и од неа однеле предмети со огромна емотивна и историска вредност.

Според информациите, крадците влегле во куќата ноќта меѓу вторник и среда додека Викторија спиела.

Во домот, братот на Синиша, Дражен Михајловиќ, создаде вистински мал музеј посветен на богатата кариера на легендарниот фудбалер и тренер. Во него се чуваше трофеи, дресови, копачки, фотографии и бројни лични предмети поврзани со животот и кариерата на Михајловиќ.

Токму поради тоа јасно е колку целото семејство на Михајловиќ е емотивно поврзано со тие предмети и веќе апелираа да се пријават предметите доколку бидат забележани на страниците за онлајн продажба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот