Бездомничка со ангелски глас го воодушеви светот (ВИДЕО)

Пред три дена еден полицаец во подземната железница во Лос Анџелес ја сними оваа жена која пешее опера од Пучини, а ова видео стана вистински хит на Интернет.

Полицаецот Хектор Гузман бил воодушевен од прекрасниот глас кој одекнувал во подземната железничка. Тој видеото го споделил на социјалните мрежи, а тоа привлекло повеќе од 270.000 прегледи за три дена.

Луѓето се воодушевени од неговото видео и неверојатниот глас на жената.

Медиумите откриле дека станува збор за Емили Замурки (52), бездомничка која дошла во САД пред неколку децении. Таа на медиумите им раскажа дека поради здравствени проблеми завршила на улица.

Имено, за да ги покрие сите трошоци започнала да свири на улица, но нејзината виолина е украдена, па оттогаш се тргнало наопаку.

Таа изјавила дека многу сака да пее во метро поради акустиката која ја потсетува на настап во сала и се надева дека „ново-печената слава“ ќе и помогне да застане на нога.

„Ќе му бидам многу благодарна на секој кој ќе се обиде да ми помогне да се тргнам од улицата и да имам свој дом и инструмент“, изјави Емили за телевизијата ABC7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот