Безбедни Олимписки игри се невозможна мисија

Организаторот ги објави бројките на заразени со коронавирус за време на Игрите во Токио/ фото: EPA-EFE/BEHROUZ MEHRI

Хироши Ошитани, најпознатиот јапонски вирусолог смета дека одржувањето на Олимписките игри во Токио претставува огромен ризик поради пандемијата на коронавирусот.
– Ја слушаме Владата, организацискиот комитет и Меѓународниот олимписки комитет кои зборуваат дека ќе имаме безбедни Олимписки игри. Сите знаеме дека тоа не е точно и дека никој не може за време на пандемија да гарантира дека вирусот нема да е шири. Безбедни Олимписки игри се невозможна мисија и ризикот е апсолутно присутен – изјави Ошитани.

Поголем дел од Јапонија сè уште е под вонредна состојба поради пандемијата на коронавирус, а Јапонците имаат се поголем отпор кон одржување на Игрите во Токио.
Досега во Јапонија се регистрирани повеќе од 760.000 случаи на позитивни на коронавирус, додека починати се 13.500 лица.
– Голем проблем претставува и податокот дека во некои држави има мал број на заразени, додека во некои тој број е навистина огромен. Сега повторно ќе бидеме со ситуација во која државите кои се изборија со коронавирусот, повторно да имаат нови случаи – додава Ошитани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот