струја фото

Без струја утрово дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров

Без струја утрово ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје.

Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина Центар.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот прекин во електрична енергија ќе има за корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница во општина Зелениково.

Корисниците лоцирани околу ул. „Австралиска“ бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров ќе имаат прекин на струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот