Без гледање го шутираше пеналот против Дортмунд (ВИДЕО)

фото: твитер

Хофенхајм вчера славеше на гостувањето кај Борусија Дортмунд со 0:4, а сите голови ги постигна еден човек, Андреј Крамариќ.

Хрватскиот интернационалец на последниот бундеслигашки меч сезонава ја имаше една од своите најдобри партии во својата професионална кариера.

Менхенгладбах обезбеди ЛШ, Вердер засега се спаси од испаѓање (ВИДЕО)

Како посебен се одвојува неговиот четврти погодок против „милионерите“ реализиран од пенал во 50 минута.

Тој без гледање го шутираше пеналот, а по завршувањето на мечот веднаш го предизвика Роберто Фирмино, екс играчот на Хофенхајм, а сега член на Ливерпул кој исто така умее без гледање да шутира во текот на натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот