Златната двојка Џон Кенеди Помладиот и Каролин Бесет на денот на својата веначавка/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Исповед на новинарот на „Дејли мејл“: „Бев таму денот кога загинаа Џон Ф. Кенеди и Каролин Бесет, никогаш нема да заборавам…“

Трагичната смрт на миленикот на Америка, Џон Кенеди Помладиот, неговата сопруга Каролин Бесет Кенеди и нејзината сестра Лорен во авионска несреќа во 1999 година, остана врежана во колективното сеќавање.

Светот ги следел вестите на малите екрани, но новинарот на „Дејли мејл“, Рас Викленд, тие судбоносни денови ги поминал во самиот центар на настаните, на Кејп Код, работејќи на рецепцијата на хотелот каде што биле сместени гостите на несудената венчавка на семејството Кенеди.

Џон Кенеди Помладиот и Каролин Бесет Кенеди/Фото: Профимедиа

Во текстот што следи, ја пренесуваме неговата автентична исповед за тоа како изгледал моментот кога тишината ја заменила свадбената прослава и што видел додека семејството Кенеди се соочувало со незамислива загуба.

– Утрото на 17 јули 1999 година не се разликувало од повеќето жешки летни денови во текот на моето растење на Кејп Код.

Хотелот „Шератон Хајанис“, каде што работев како асистент на рецепција, се наоѓаше само три километри од брегот на Атлантскиот Океан, на идеална локација за влажни попладниња каде што единствениот спас беше освежителниот морски развигорец. Тој ден, ветерот беше невообичаено силен.

Хотелот беше оддалечен на пет минути возење од познатиот имот на Кенеди во „Хајанис порт“, имотот каде што Рори Кенеди, најмладата ќерка на покојниот Роберт Ф. Кенеди и неговата сопруга Етел, требаше да застане пред олтарот пред повеќе од 200 гости. Но, венчавката тој викенд никогаш не се случи. Авионот на Џон Ф. Кенеди Помладиот, во кој беа неговата сопруга Каролин Бесет Кенеди и нејзината сестра Лорен, исчезна кај брегот на Мартас Вињард.

Како роден локалец, не ми невообичаено да сретнам некој член на кланот Кенеди на Кејп. Иако се сметаа за локални ѕвезди, тие секогаш не уживаа беспрекорна репутација. Всушност, долго време кружеше шегата дека некои членови на семејството се познати по тоа што не оставаат бакшиш и очекуваат бесплатни оброци. Дотолку, што неколку барови и ресторани на Кејп имаа знаци на кои пишуваше: „Забрането за Кенедиеви“.

Работев и втора работа во кино во „Хајанис“, каде што Џон Помладиот и неговиот чичко, сенаторот Тед Кенеди, повремено купуваа билети, а еднаш го сретнав Џон Помладиот во локалниот видеоклуб.

Тоа беше во јануари 1998 година, нешто повеќе од една година пред неговата смрт. Џон беше во градот поради погребот на неговиот братучед Мајкл Кенеди. Го видов како приоѓа на касата со кула од 12 ВХС касети, каде што го информираше благајникот дека нема членска карта.

За разлика од повеќето луѓе, благајникот не го препозна „принцот на Америка“ кој стоеше пред него и одби му изнајми филмови. Повеќето познати луѓе би го искористеле тоа за да прашаат: „Дали знаете кој сум јас?“. Тој не. Дури откако си замина, имав неблагодарна задача да му објаснам на благајникот дека штотуку одбил член на „кралското“ семејство Кенеди. Поради таквите чести средби, не бев премногу фасциниран од славните личности кога се пријавив во смената во „Шератон“ тој судбоносен ден во 1999 година.

Се очекуваше напорен викенд, бидејќи хотелот беше целосно распродаден. Тука не беа само гостите од венчавката на Рори; американската фолк легенда Вили Нелсон исто така требаше да настапи таа недела. Јас, од друга страна, посакував да го запознаам Арнолд Шварценегер, кој редовно ја посетуваше хотелската вежбалница откако 13 години претходно се ожени во семејството Кенеди.

Гостите почнаа да пристигнуваат рано, облечени во лесни палтиња и дресови на Патриотс (клуб на американскиот фудбал), со свечени костуми во торбите, полни со возбуда пред венчавката. Дури кога пристигнав на работа, мојот менаџер Карлос ме информираше за веста: „Претпоставувам дека не сте слушнале, не можат да го пронајдат авионот на Џон Помладиот.“

На свој 21 година, работејќи на рецепција, обично бев првата личност што гостите ја гледаа. Тоа утро, меѓутоа, мојата работа од рецепционер се смени во непризнат психотерапевт. На гостите кои не можеа да сфатат што се случуваше, им нудев утеха, охрабрување и препораки за ресторани каде што можеа да избегаат од бучавата. Како одвлекување на вниманието, многу разговори брзо ги свртував во муабетење за спортот.

Никогаш нема да заборавам што видов кога кланот Кенеди ги дозна ужасните вести.

Како што остатокот од светот ја дознаваше веста, некои гости пристигнаа во хотелот сосема несвесни дека авионот исчезнал. Додека некои, сепак, се пријавија во собите, други го откажуваа престојот. Вкупно, околу половина од резервациите беа откажани тој ден.

Во меѓувреме, ресторанот на хотелот, опремен со телевизори, стана неофицијален информативен центар на „Хајанис порт“. Гостите се собраа околу екранот, делумно за да ги следат вестите, а делумно затоа што не сакаа да бидат сами. Медиумските екипи на Еј-би-си, Ен-би-си и Си-би-ес почнаа да поставуваат опрема пред имотот на Кенеди, а подоцна истата вечер се повлекоа во хотелот.

Потрагата на Крајбрежната стража на крајот стана мрачна, а остатоците од авионот беа пронајдени на околу 200 метри од брегот на островот Мартас Вињард. Кога шатловите што требаше да ги пренесат гостите до имотот не се појавија, знаев дека венчавката е одложена. Дотогаш веќе беше практично потврдено дека Џон Помладиот, неговата сопруга Каролин и нејзината сестра Лорен загинале во падот.

Додека т. н. „проклетство на Кенедиеви“ остана нешто како американски мит, тој ден не можев, а да не се запрашам дали има вистина во таа урбана легенда. А судејќи според мрачната сенка што се надви над Кејптаун, имав чудно чувство дека не бев единствениот што мислеше така.

На 16 јули трагично го загубија животот: Смртта на „златната двојка“ Џон Кенеди и Каролин Бесет сѐ уште мистерија

Американската бајка со трагичен крај: Љубовната приказна на Џон Кенеди Помладиот и Керолин Бисет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот