Доналд Трамп/ Фото: EPA/YURI GRIPAS / POOL

Бесплатен влез во националните паркови за граѓаните на САД на роденденот на Доналд Трамп

Граѓаните на САД ќе можат бесплатно да ги посетуваат националните паркови на роденденот на претседателот Доналд Трамп, 14 јуни, но ќе мора да платат за својата рекреација на два други датуми, две годишнини посветени на борбата за граѓански права на Афроамериканците, на кои претходно не плаќаќе влезница, објави Службата за национални паркови (NPS), пренесува Гардијан.

Деновите за бесплатен влез планирани за 2026 година – речиси сите различни од оние од претходните две години – беа претставени како „патриотски“ од Министерството за внатрешни работи.

Покрај 14 јуни 2026 година, роденденот на Трамп, кој се совпаѓа со Денот на знамето, бесплатен влез е планиран за Денот на претседателите (16 февруари), Денот на сеќавањето (5 мај) за загинатите во битка, викендот на Четврти јули, Денот на Уставот (17 септември) и Денот на ветераните (11 ноември).

Во календарот недостасуваат Денот на Мартин Лутер Кинг (19 јануари) и 19 јуни, годишнината од укинувањето на ропството.

„Претседателот не само што го додаде својот роденден на списокот, туку елиминира два празника што ја одбележуваат борбата на афроамериканците за граѓански права и слобода. Нашата земја заслужува подобро“, коментираше демократската сенаторка Кетрин Кортез Масто на Платформа Икс.

Почнувајќи од 2026 година, само американските граѓани и лицата со постојан престој ќе имаат право на бесплатен влез во овие денови. Нерезидентите ќе ја плаќаат пропишаната такса. Годишната карта за странски туристи и нерезиденти ќе се зголеми тројно на 250 долари, додека американските граѓани ќе продолжат да плаќаат 80 долари.

Оваа година, Трамп го прослави својот роденден, кој се совпадна со 250-годишнината од основањето на американската армија, со организирање на необична воена парада во срцето на Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот