Бесир Алили, европски кадетски шампион во борење

Македонскиот борач Бесир Алили, е нов европски кадетски шампион во борење во катеогријата до 48 килограми. Тој на Европското кадетско првенство кое се одржува во Фиренца, Италија во финалето со 7:6 го совлада ерменскиот борач, Харутјун Хованисјан.

На патот до златниот медал, Бесир Алили ги победи Оскар Кулчицки (Полска), Андреј Витан (Молдавија) и Лука Гугешашвили (Грузија).

Шанса да освојат медал на ЕП во Фиренца има уште и Реџеп Хајдари кој во категоријата до 92 килограми ќе се бори за бронзениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот