Беретини сигурен на Вимблдон, Федерер го доби потенцијалниот ривал
Италијанскиот тенисер рутински обезбеди пласман во осминафиналето на Вимблдон.
Матео Беретини со 3:0 во сетови го совлада Словенецот Алјаз Бедене со 6:4,6:4,6:4 за 107 минути игра. Беретини одигра уште еден одличен меч Лондон каде веќе две недели е без пораз откако пред Вимблдон триумфира и на турнирот во Квинс.
Нареден противник на Беретини ќе му биде Белорусинот Ивашка кој во три сета со 6:4,6:4,6:4 го елиминира Томпсон.
Пласман во осминафиналето обезбеди и Хурберт Хуркач кој го победи Александер Бублик со 6:3,6:4,6:2 и во наредното коло ќе игра со подобриот од дуелот Медведев – Нори.
Пласман во следната рунда обезбеди и Лоренцо Сонего кој го победи Џејмс Дакворт со 6:3,6:4,6:4 и во наредното коло ќе игра со подобриот од дуелот Рожер Федерер – Камерон Нори.
Во женска конкуренција, Анџелик Кербер во три сета со 2:6,6:0,6:1 ја елиминира Саснович.
Младата британска тенисерка Ема Радучану продолжува со одличните игри на Вимблдон и ја победи Сорана Кирстеа со 6:3,7:5.
Пласман во осминафиналето обезбеди и Американката Коко Гоф која пак со 6:3,6:3 ја совлада Јуван.