Бензините со повисоки цени за половина денар, дизелот останува непроменет

Цените на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се зголемуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, од полноќ ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 69 ден/лит.

Според одлуката на Регулаторната комисија, дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 62 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намалува за 0,122 ден/кг и во следните седум дена тој ќе се продава по цена од 32,832 ден/кг.

Зголемувањето на бензините, како што се наведува во одлуката на Регулаторната комисија, се должи на покачувањето на цената на нафтнените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот