Бенсоне, рецепт за најдобриот десерт од италијанска Модена

Фото: Јутјуб/ Принтскрин/Fini recepti

Модена бенсоне е типичен специјалитет на градот Модена, регионот Емилија Ромања (Италија), и можеби најстариот десерт од овие области.

Во тринаесеттиот век заедницата Модена го понудила на еснафот на ковачите и златарите на празникот на патронот на овие занаетчии. Етимологијата на името може да потекнува од францускиот pain de son или леб од трици, извесно време се користел за подготовка на слатко просеано брашно. Древниот рецепт бенсоне, останал речиси непроменет со текот на времето.

Инаку, станува збор за едноставен и оригинален сув десерт, направен од едноставни и лесно достапни состојки: брашно, млеко, јајца, путер и мед. Последната состојка последователно била заменета со шеќер. Оригиналната верзија на овој десерт не содржи никаков фил, но со текот на годините е збогатен со џем или, за уште повкусен предлог, со крем од чоколадо и лешник. Инаку, истата мешавина од бенсоне се користела и за уште еден колач типичен за оваа област, крофна, тркалезна со дупка во средината…

Послужете им го бенсоне на вашите гости на крајот од оброкот, придружен со добро кафе или со чаша вино, како што налага традицијата.

Инаку, бенсоне е идеален италијански колач и за велигденската трпеза.

За да го подготвите бенсоне, ви треба околу еден час. Ова е колач кој може да се чува неколку дена, а во него можете да уживате во текот на целата година. Подеднакво погоден за појадок или за попладневен чај. Типичен благ колач од класичната кујна.

Значи, ајде да дознаеме како да го подготвиме бенсоне следејќи го нашиот рецепт чекор по чекор.

Состојки:

– 500 грама наменско брашно
– 150 грама шеќер
– 3 јајца
– 120 грама путер
– 40 милилитри млеко
– 1 лимон
– 80 грама шеќер гранулиран
– 1 сув квасец
– 1 ќесичка шеќер во прав
– сол

Подготовка:

Изматете ги јајцата, а кората од лимон изрендајте ја.

Во садот од миксерот ставете го брашното, додајте прстофат сол, шеќер, сув квасец, поклопете го садот и измешајте ги состојките.

Потоа постепено додавајте ги омекнатиот путер, ренданата кора од лимон, млекото, две и пол изматени јајца, зголемете ја брзината на миксерот и направете еднолично тесто.

Кога тестото ќе почне да се одвојува од ѕидовите на садот за миксер, извадете го на даска, односно на работната површина, и обликувајте го во колбас со дебелина од 6-7 сантиметри.

Потоа, тестото префрлете го во плех обложен со хартија за печење, од тестото обликувајте ја буквата „Ѕ“, премачкајте го со преостанатото изматено јајце, посипете со гранулиран и со шеќер во прав, па така приготвениот колач ставете го во загреана рерна да се пече на 180 степени, околу 40 минути.

Готовиот колач извадете го од рерна, преместете го на решетка да се излади, исечете го и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот