Бенасер оптимист пред дербито: Милан не е Лече!

twitter.com/AllaboutMilan99

Овој изненадувачки оптимизам од страна на играчот на Милан се темели на влијанието кое врз екипата го има новиот тренер Стефано Пиоли.

Милан е дури на 11 позиција на табелата во Серија А и победи само еднаш откако Пиоли го замени Марко Џампаоло.

Но, Бенасер е оптимист и им се закани на „Бјанконерите“ во пресрет на дербито од најсилното италијанско првенство на 10 ноември на стадионот во Торино.

– Ние сме Милан, а не Лече. Јувентус и Лече завршија нерешено, така што верувам дека можеме триумфираме“ – рече Бенасер кој мисли дека падот на концентрацијата е најголемиот проблем на Милан.

Тимот од Милано има богата традиција и треба да се дава максимум поради фановите, додава Бенасер.

– Доколку треба да ги споредувам тренерите, Пиоли е поблизок со фудбалерите, разговара и кажува точно што очекува од нас на самите натпревари – заврши фудбалерот на Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот