Белорусија: Повлечени амбасадорите од Полска и од Летонија, странските новинари ќе мора одново да аплицираат за акредитации

Фото: EPA-EFE/ANDREI STASEVICH / BELTA POOL MANDATORY CREDIT

Белорусија ги отповика своите амбасадори во Полска и во Летонија и побара од двете земји значително да го намалат бројот на дипломати во нивните амбасади во Минск. Ова денеска го пренесе агенцијата Белта, повикувајќи се на белоруското Министерство за надворешни работи. Побарано е вработените да се намалат на 50 на 18, односно од 25 на 14.

Белоруското Министерство за надворешни работи на крајот на септември соопшти дека ќе воведе санкции за околу 300 претставници на балтичките држави – Естонија, Летонија и Литванијакако одмазда за воведувањето на забрана за патување на голем број белоруски функционери.

Белоруската Влада, во меѓувреме, објави дека ги укина акредитациите за сите странски новинари во земјата и оти тие мораат повторно да аплицираат за акредитација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот