Бејл се врати во Тотенхем (ВИДЕО)

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл, по седум години, денеска и официјално се врати во Тотенхем.

Бејл се враќа во клубот кој го лансира на големата фудбалска сцена, тој наредната сезона ќе ја игра како позајмен фудбалер од Реал Мадрид.
Велшанецот во 2014 година премина во Реал Мадрид за тогаш рекордни 101 милиони евра, и со шпанскиот тим освои четири титули во Лигата на шампионите и две во Ла Лига, а на 251 натпревар постигна 105 гола.

View this post on Instagram

Welcome home, @garethbale11 ? #BaleIsBack

A post shared by Tottenham Hotspur (@spursofficial) on

Според договорот помеѓу двата клуба, Тотенхем ќе му исплаќа 220.000 фунти неделно, а останатите 380.000 фунти ќе продолжи да ги исплаќа „кралскиот“ клуб.

View this post on Instagram

?? ? #HolaReguilón

A post shared by Tottenham Hotspur (@spursofficial) on

Во вториот мандат како член на Тотенхем, Бејл ќе го носи дресот со број девет, тимот од Северен Лондон денеска и официјално го промовира Велшанецот, а исто така претставен е и Серхио Регулион.
Левиот бек е купен за 30 милиони евра, денеска потпиша повеќегодишен договор и го задолжи дресот со број три.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот