Бецеки со победа на Муџело ја зголеми предноста на врвот
Италијанскиот мотоциклист Марко Бецеки продолжува со одличните настапи во Мото ГП шампионатот, откако триумфираше на трката за Големата награда на Италија на патеката Муџело и дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За возачот на Априлија ова беше историска победа, бидејќи првпат во кариерата се искачи на највисокото место на подиумот во Муџело. Воедно, триумфот има посебна тежина и за тимот на Априлија, кој за првпат слави на легендарната италијанска патека.
Бецеки до четвртата сезонска победа стигна со сигурно возење, оставајќи го зад себе Хорхе Мартин, кој низ целта помина со заостанување од околу три секунди.
Борбата за последното место на подиумот му припадна на Франческо Бањаја, кој успеа да го надмине Аи Огура и да го освои третото место пред домашната публика.
По новиот триумф, Бецеки останува лидер во шампионатот со 173 освоени бодови. Неговиот најблизок конкурент и тимски колега Хорхе Мартин сега заостанува 17 поени, што дополнително ја зацврстува позицијата на Италијанецот во битката за титулата.


