Базел и Милан сигурни во квалификациите за ЛЕ, крај за Динамо Москва
Италијанскиот гигант Милан успешно ги започна квалификациите за Лигата на Европа со победа во Ирска над Шамрок од 2:0.
„Росонерите“ поведоа во 23. минута преку Златан Ибрахимовиќ по одличната асистенција на Хакан Чалханоглу кој го постави конечниот резултат во 67. минута.
Нареден противник на Милан во третото квалификациско коло за ЛЕ ќе биде Бодо кој со 3:1 го совлада Жалгирис.
Базел како гостин со 2:1 го победи хрватскиот тим Осијек и си обезбеди пресметка со Анортозис во третото коло.
Швајцарците работата ја завршија во првото полувреме кога ги постигнаа двата гола преку Артур и Стокер. Осиек во финишот на натпреварот успеа да го намали резултатот на 1:2 преку Мајсторовиќ во 84. минута.
Резултати – 2. квалификациско коло:
Каисар – АПОЕЛ 1:4
Вентспилс – Розенборг 1:5
Ренова – Хајдук 0:1
Арарат – Фола 4:3
Астана – Будуќност 0:1
Теута – Гранда 0:4
Линколн – Ренџерс 0:5
КуПС – Слован 2:1 (пенали)
Ботошани – Шкендија 0:1
Бодо – Жалгирис 3:1
Гетеборг – Копенхаген 1:2
Локомотив Пловдив – Тотенхем 1:2
Нефчи – Галатасарај 1:3
Ритериаи – Либерец 1:5
Флора – Рејкјавик 2:1
Олимпија – Зрињски 2:3
Конанс – Динамо Тбилиси 0:1
ЦСКА Софија – БАТЕ 2:0
Дјургарден – Европа 2:1
Хибернианс – МОЛ 0:1
Лачи – Хапоел Бер Шива 1:2
Локомотив Тбилиси – Динамо Москва 2:1
Макаби Хаифа – Каират 2:1
ОФИ – Аполон 0:1
С. Георге – Партизан 0:1
Ескалдес – Дундалк 0:1
Арис – Коваливка 1:2
Борац – Рио Аве 0:2
Кукеши – Волфсбург 0:4
Пиаст – Хартберг 3:2
Шамрок – Милан 0:2
Силекс – Дрита 0:2
Стандард – Бала Таун 2:0
Мура – Архус 3:0
Колераин – Мадервел 2:3 (пенали)
Викинг – Абердин 0:2
Дунајска Стреда – Јаблонец 5:3
Линфилд – Флориана 0:1
Осијек – Базел 1:2
Сервет – Ремс 0:1
Хонвед – Малме 0:2
Бачка Топола – ФЦСБ 6:7 (пенали)