БАТЕ и Лудогорец елиминирани од Лигата на шампионите

фото: ludogorets.com

БАТЕ Борисов од Белорусија, поранешен редовен учесник во групите на Лигата на шампионите (и Лига Европа), доживеа елиминација уште во второто квалификациско коло од елитното клупско натпреварување.

Во двомечот со кипарскиот Арис, Белорусите примија дури 11 голови. Во првиот натпревар Кипраните славеа со 6:2, а на реваншот со 5:3.

И бугарскиот Лудогорец, кој во последните 10 години редовно настапува во групите на ЛШ и ЛЕ, летово не го помина ниту второто квалификациско коло.

На првиот дуел во Бугарија беше 1:1, а на возвратната средба во Словенија триумфираше Олимпија Љубљана со 2:1.

Панатинаикос на домашен терен играше 2:2 со украинскиот Днипро-1, но благодарение на победата во првиот меч од 3:1, Грците одат во следната фаза.

Во третото квалификациско коло на ЛШ ќе биде и Слован Братислава, словачкиот претставник пред своите навивачи ремизираше 2:2 со Зрињски од Босна и Херцеговина. А во првите 90 минути одиграни во Мостар тимот на Слован Братислава беше подобар со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот