Бартомеу ќе се бори до крај, не си поднесува оставка и бара одложување на рефендумот

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу одлучи да не поднесува оставка пред истекот на мандатот иако се наоѓа под огромен притисок поради лошите резултати, војната со Лионел Меси, матните зделки но и иницијативата на „социосите“ (членови на Барселона со право на глас на клупски претседателски избори).

Хосеп Марија Бартомеу на денешниот состанок на управата на Барселона, одлучил дека ќе остане на претседателската функција и ќе го чека исходот за гласање на негова недоверба и на управниот одбор. Гласањето е закажано за 1. и 2. ноември и потоа дефинитивно Бартомеу ќе мора да си оди.

Шпанските медиуми денеска објавија дека Бартомеу бара начин како да остане до крајот на мандатот кој му истекува во март идната година и веќе се обратил до владата на Каталонија и ја замолил да го одложи референдумот за гласање на негова доверба поради пандемијата на коронавирусот. Доколку не успее да го одложи гласањето, Бартомеу веќе идниот понеделник може да си замине од Барселона.

За тоа колку е очаен Бартомеу да остане на претседателската функција со барањето здравствените власти да го одложат рефендумот, говори и податокот дека Барселона испратила допис до УЕФА во кој известува дека на натпреварите од Лигата на шампионите на „Камп Ноу“ може да присуствуваат 30.000 навивачи, односно една третина од капацитетот на стадионот.

Повторувам дека никогаш не сум размислувал за оставка. Мислам дека сум претседател кој донел највеќе трофеи во историјата на Барселона, а тоа доволно зборува за начинот на кој го водам клубот. Едноставно сметам дека не гледам ниту една причина зашто да си поднесам оставка. Откако гласовите на петицијата за рефендумот се прогласени за важечки, ние започнавме да преземаме мерки да се одржи гласањето. Ветивме дека гласањето ќе трае два дена поради коронавирусот безбедносните мерки. За да успееме да ги одржиме изборите мораме да добиеме дозвола за одржување на истите од државните власти поради ситуацијата во која се наоѓаме. Испративме барање до владата на Каталонија да дозволи гласањето да се одржи на 15. и 16. ноември и од нив добивме негативен одговор“, изјави Бартомеу по денешниот состанок и ова е негово прво обраќање во јавноста по 20 дена откако и официјално беа собрани доволен број на гласови за да се одржи референдум на кој ќе се гласа за менување на управата на клубот на чие чело е токму Бартомеу.

Бартомеу денеска ќе ги израдува Меси и сите навивачи на Барселона

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот