Фото: EPA/Siu Wu

Барселона пушти во продажба билети за ,,Ел Класико” – цената е 4.000 евра

Барселона веќе пушти во продажба билети за мајското ,,Ел Класико”, иако до дербито има уште неколку месеци. Овој дуел, во рамките на 35. коло, може да биде пресуден во борбата за титулата, бидејќи по него ќе останат само уште три натпревари до крајот на сезоната.

Во моментов во понуда се само ВИП-билетите, по цена од дури 4.000 евра, четирикратно поскапи од стандардните за оваа категорија. За споредба, за мечот со Овиедо тие чинат 1.000 евра, а за дуелот со Копенхаген во Лигата на шампионите околу 1.150 евра.

Овие премиум седишта се веднаш покрај теренот и клупите, а билетите носат и пристап до ВИП-салонот, со врвен кетеринг пред и по натпреварот, како што стои на веб-страницата на каталонскиот клуб.

Точниот датум на одигрување уште не е одреден, се чека дали средбата ќе биде закажана за сабота, 9 мај, или недела, 10 мај, па засега непознато е и времето на почеток. И покрај тоа, Барса реши навреме да ја стартува продажбата.

Преземено  од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот