Барса зажали поради него: Реал го купи јапонскиот „Меси“!

twitter.com/SquawkaNews

После Јовиќ, Милитао, Менди и Азар, челниците на Реал одлучија да го ангажираат и младиот јапонски репрезентативец (18).

Секако тој веднаш нема да биде префрлен во првиот тим, туку во вториот. Интересен е податокот што беше играч на Барселона, го дефинираат како јапонскиот „Меси“.

Верувале или не, каталонскиот великан поради него во 2014. година доби забрана за трансфери, бидејќи неговото доведување со 14 години беше нелегално.

Во 2016. година Јапонецот си замина од Барселона од чии редови пак дури и размислувале да го вратат, но желбата на Кубо беше да направи трансфер во Реал.

Кубо доаѓа во Реал од редовите на Токио, се вели дека станува збор за еден од најветувачките фудбалски таленти во светот, фудбалер за врска во нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот