Азар стана „крал“ (ФОТО+ВИДЕО)

Еден Азар и официјално е промовиран во нов фудбалер на Реал Мадрид. Тој на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и официјално стави потпис на петгодишниот договор со Реал Мадрид.

– Чувствуваме голема емоција што во нашето семејство се приклучува еден посебен фудбалер. Нашата историја е преполна со фудбалери со уникатен квалитет. Долго време сакав да го изговорам ова: во нашиот клуб доаѓа еден од најдобрите фудбалери во светот, Еден Азар. Исполнет ти е детскиот сон и можеш да се чувствуваш како дома. Пред тебе е публиката која ќе биде на твоја страна секогаш и насекаде. Добредојде во твојот дом – му порача Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид.

Веднаш по потпишувањето на петгодишниот договор, Азар во новиот дрес се претставува пред воодушевените навивачи на Реал Мадрид. Помеѓу 70.000 и 80.000 навивачи дојдоа на „Сантијаго Бернабеу“ да го поздрават фудбалерот кој треба да биде предводник во новиот Реал Мадрид.

– Мојот шпански не е доволно добар. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство и на претседателот Флорентино Перез. Едвај чекам да почнам да играм во овој дрес и да освојувам многу титули. Уште како дете ми беше сон да играм за Реал Мадрид и само сакам да уживам во овој момент – изјави Азар.

Азар во Реал Мадрид дојде од Челси во трансфер кој чини 100 милиони евра како обесштетување, а со евентуални бонуси, сумата може да се зголеми до 140 милиони евра.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот