Барса на состанок со Раиола: Се преговара за трансфери на тројца фудбалери

Матијс Де Лихт, фудбалерот на Јувентус/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Светски познатиот агент Мино Раиола во наредните денови треба да пристигне во Барселона на средба со раководството на каталонскиот клуб.

Челниците на тимот од „Камп Ноу“ се заинтересирани за дури тројца фудбалери на агентот, а тие се Ерлинг Халанд, Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи. Иако финансиски не стои добро, Барселона на секој начин се обидува да го засили тимот и преговара со потенцијални засилувања.

Подготвени се да потрошат огромни пари, а најголем предизвик е ангажирањето на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Халанд. Покрај надоместот од 75 милиони евра, клубот кој сака да ангажира одличен норвешки напаѓач ќе треба да издвои огромни пари за плата и бројни провизии, а се претпоставува дека трансферот би можел да чини над 300 милиони евра.

Исто така, ни де Лихт нема да биде евтин. Тој е обврзан со договор со Јувентус, а неговата цена е околу 70 милиони евра. Единствен на кого нема да му треба надомест во текот на летото ќе биде мароканскиот десен бек Мазрауи на кому му истекува договорот со Ајакс.

Барса има навистина големи планови, но прашање е дали ќе може да ги поднесе огромните трошоци, особено кога се знае дека долговите на клубот одамна надминаа една милијарда евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот