Бањаја на пол позиција пред Големата награда на Италија

Возачот на „Дукати“, Франческо Бањаја ја освои пол позиција пред трката за Големата награда на Италија во рамките од Мото ГП шампионатот.
Ова е трета пол-позиција за Бањаја сезонава, а до неа стигна со рекордно време на круг од 1:44.855 мин.
Второто место на стартот ќе го има Марк Маркес на „Репсол Хонда“, кој заостана 78 илјадитинки, а на нив двајца на стартот на спринтот и главната трка ќе им се придружи помладиот Маркес – Алекс.
Четврти е Џек Милер, кој вози за „КТМ“, а токму тој ќе биде покрај Бањаја и Маркез во недела на стартот.
Возачот на „Прамак Дукати“, Хорхе Мартин, беше петти, пред Марко Бецеки од тимот „ВР46“ и Алес Еспаргаро на „Априлија“. Меѓу првите 10 се најдоа Жоан Зарко, Алекс Ринс и Бред Бајндер.
Спринт трката започнува денеска од 15.00 часот, додека трката за Големата награда на Италија е закажана за недела од 14.00 часот.