Бајиќ по жрепката: Само комплетни можеме да бидеме конкурентни

Драган Бајиќ, селеткорот на македонската кошаркарска репрезентација/Фото: EPA-EFE/Javier Cebollada

Жрепката во Минхен ја формираше наредната натпреварувачка група за македонската сениорска кошаркарска репрезентација. По елиминацијата во светските, продолжуваме во оние европски квалификациски натпревари кои водат до крајната цела – настап на Евробаскетот во 2025 година.

Веќе за нешто повеќе од еден месец, почнуваме со нов предизвик. Настапите во „Д“ групата од вториот круг на претквалификациите.

Во друштво сме на Словачка, Данска и Норвешка, и само најдобрата селекција по шест одиграни мечеви во три ФИБА „прозорци“ ќе помине понатаму, односно во квалификациите за Европското првенство.

Еве ги првите впечатоци кај селекторот на сениорите, Драган Бајиќ:

– Кои се првите впечатоци после жрепката, би рекол доста непознати. Навистина, Словачка ни е добро позната, игравме со нив во минатиот циклус од претквалификациите за Светскиот Куп. За другите две репрезентации може да се каже дека се непознати за нас. Данска имаше некоја улога во претходните квалификации, и доста работи зависат од тоа со каков ростер ќе има нивниот селектор на располагање. Во разговор со некои мои колеги кои имаа прилика да играат против нив, говорат дека се базираат на брза игра, на една брза кошарка, со доста шутеви кон противничкиот кош. Норвешка, исто така доста непозната, но ќе имаме време да се запознаеме и со нив. За нас е важна работа добро да се подготвиме за првиот „прозорец“. Да се јават на повикот што поголем број на кошаркари. Односно да бидеме комплетни, затоа што само така, мислам дека можеме да бидеме конкуретни – вели Бајиќ.

Крстевски: Посакувам да бидеме комплетни, верувам во позитивен исход во претквалификациите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот