Крстевски: Посакувам да бидеме комплетни, верувам во позитивен исход во претквалификациите

Бојан Крстевски/фото: КФСМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ги дозна противниците во претквалификациите за пласман на ЕП 2025 и покрај претходно познатиот ривал Словачка, тоа се и селекциите на Данска и на Норвешка.

Заменик капитенот Бојан Крстевски смета дека ждрепката е добра за Македонија и верува во позитивен исход.

– Словачка ни е многу добро познат противник бидејќи и во претходните претквалификации игравме со нив и имаме позитивен биланс. За Норвешка и Данска немам многу информации, но како што ќе доаѓаат натпреварите, ќе се подготвуваме за нив и ќе ги анализираме. Единствено посакувам ние да бидеме во што поголем број, односно комплетни да ги дочекаме дуелите што претстојат. Во таков случај верувам во позитивен исход и пласман во главните квалификации –вели Крстевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот