Бајиќ: Имавме повеќе лоши моменти кои мораме да ги корегираме

Драган Бајиќ, селеткорот на македонската кошаркарска репрезентација/Фото: EPA-EFE/Javier Cebollada

Селекторот на македонската сениорскарепрезентација, Драган Бајиќ, очекувано, не беше задоволен по убедливиот пораз од светскиот шампион.

Уште еднаш потенцираше дека во Сарагоса игравме без помошта на неколку важни играчи.

– Честитки до шпанскиот состав за победата и благодарност за приемот. Што се однесува до мечот, знаевме дека Шпанија е голем фаворит. Немавме многу време за тренинзи и подготовки, ни недостигаа и четири-пет добри кошаркари. Тоа придонесе да се случи она што се случи. Имаше добри моменти од кои мораме да сме задоволни, имавме и лоши моменти кои треба да ги корегираме ако сакаме да напредуваме. Едноставно, мислам дека квалитетот и физичката подготвеност на Шпанците беа пресудни за да се стигне до ваков резултат. Тимот што јас го водам не е на ова ниво на натпреварување како и Шпанија, можеше да се види дека не се снајдовме на една силно агресивна одбрана. Првата четвртина личеше на нешто, додека имавме енергија, но втората четвртина покажа пресуди борбата за победа предвреме да заврши. Задоволен сум од атмосферата и од тимската хемија што ја имавме. Некои работи што се влечат од минатото и сè уште се присутни, тоа нешто мора да смени за да тргнеме напред. Верувам во овие момци, верувам дека ќе бидеме сè подобри и подобри, штом ни се приклучат сите кошаркари кои денеска ги немавме во тимот – рече Бајиќ на прес-конференцијата по мечот во „Павиљонот Принц Фелипе“ во Сарагоса.

Како и соиграчите, Бојан Крстевски имаше добар старт на дуелот во Сарагоса. Но, како одминуваа минутите, Шпанија покажа зошто е актуелен светски шампион, доволно за нашиот заменик-капитен да им честита на убедливиот триумф:

– Најпрво, сакам да ѝ честитам на Шпанија за победата. Го почнавме мечот добро и во првиот квартал имавме добри моменти. Во вториот дел Шпанија ја „стегна“ одбраната, даваше лесни поени од контри и нè принуди на грешки. Тука тие ја направија разликата. Се работи, сепак, за поискусен тим, со поголема ротација. Како што кажа и тренерот имавме добри моменти кои мора да ги надополниме ако сакаме да бидеме подобри и мора да ги отстраниме грешките – рече нашиот крилен центар по завршувањето на мечот во Сарагоса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот