Шпанија беше пресилна за македонските кошаркари во Сарагоса

Македонските кошаркари на 14 јули ќе ги дознаат сите ривали/Фото: EPA-EFE/Javier Cebollada

Во петтиот претпоследен натпревар од квалификациите за пласман на Светскиот куп, македонската сениорска репрезентација го претрпе и петтиот пораз. Селекцијата на Шпанија на својот домашен терен во Сарагоса славеше убедливо со конечен резултат 80:44. Во сениорскиот дрес на Македонија дебитираа Рубин Стефанов и Виктор Ташовски.

После веста дека Украина триумфираше над Грузија со 79:66, ги загубивме и теоретските шанси за освојување на третото место во квалификациската група кое исто така води во следната фаза.

Во групата „Г“ Шпанија има максимални осум бодови од четири натпревари, следува Грузија која исто така има осум бодови од пет мечеви, трета е Украина со шест бодови од четири натпревари, и овие три репрезентации обезбедија настап во последната трета фаза од квалификациите за учество на следниот Мундобаскет.

Андреј Јакимовски беше нашиот најефикасен играч против Шпанците/Сарагоса, Шпанија/1 јули 2022/Фото: EPA-EFE/Javier Cebollada

Македонија која има пет бодови од пет натпревари ќе остане на дното, а последниот дуел на 4 јули во Скопје (18.00 часот, СЦ „Борис Трајковски“) против Украинците нема да има никакво резултатско значење, ќе биде последна шанса за нас да ги завршиме квалификациите барем со една победа.

На денешниот дуел против Шпанците, актуелниот светски шампион бевме рамноправни само во првите 10 минути (19:17). Двете по ред, тројки на Санти Јуста, ја донесоа Шпанија до првото двоцифрено водство. Во 15 минута, домаќинот поведе со 33:21. Само четири поени дадовме за шест минути во втората четвртина. Серијата на противниците беше огромна (20:4), за на семафорот да стои 39:21 за „црвената фурија“. Серијата без поени на нашиот тим, за кратко, ја прекина Јакимовски, но Шпанија не застана, до крајот на полувремето се избори за уште поголеми 45:23.

крстевски
Бојан Крстевски беше втор стрелец во поразот против црвената „фурија“/Сарагоса, Шпанија/1 јули 2022/Фото: EPA-EFE/Javier Cebollada

Одигравме доста подобра трета четвртина, особено во одбраната, немаше лесни поени за ривалот. Но, во завршницата на тој период, Шпанија уште еднаш притисна, стигна дo двојно поголеми 62:31 по 30 минути игра. До крајот составот на Скариоло само рутински ја одработуваше задачата. Во нашите редови најефикасен беше Јакимовски со 14 поени (шест скокови), а на спротивната страна Саиз реализираше 19 поени (девет скокови).

Квалификации за Светски куп 2023

Група „Г“

Резултати, петто коло

Украина – Грузија 79:66
Шпанија – Македонија 80:44

Табела:

1. Шпанија 8 бодови (4) 4-0
2. Грузија 8 бодови (5) 3-2
3. Украина 6 бодови (4) 2-2
4. Македонија 5 бодови (5) 0-5

Последно, 6. коло, двојки (4 јули)

Македонија – Украина
Грузија – Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот