Бајден ќе го признае масакрот врз Ерменците од 1915 година за геноцид?

Џо Бајден /Фото: EPA-EFE/STEFANI REYNOLDS / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден во вчерашниот телефонски разговор му порачал на турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган дека има намера да ги признае масакрот од 1915 година и присилната депортација на Ерменците за геноцид, изјавија извори запознати со разговорот на двајцата лидери.

Британските медиум и пренесуваат дека потегот, што се очекува денеска да биде официјализиран, веројатно ќе ги влоши и онака тензичните односи меѓу формалните сојузници во рамките на НАТО.

Бајден најверојатно ќе го употреби зборот „геноцид” како дел од денешната изјава, што го одбележува денот на сеќавање на жртвите на геноцидот врз Ерменците ширум светот.

Потегот би бил во голема мерка симболичен, но тоа би значело прекинување на децениската пракса на внимателно избирање и користење на термините што доаѓаат од Белата куќа, за да не се навреди Турција.

Според наводите од Белата куќа, Бајден и Ердоган се согласија да се состанат за време на самитот на НАТО во јуни.

Во вчерашниот телефонски разговор, Бајден го пренесе својот интерес за конструктивни билатерални односи со проширени области на соработка, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Ниту во изјавата на Белата куќа, ниту во изјавата на турското претседателство, не се споменува дека Бајден официјално ќе го признае масакрот врз Ерменците во Отоманската империја како геноцид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот