Баерн не се потресува од желбата на Левандовски да се пресели во Барселона

Роберт Левандовски сака да ја промени средината/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Управата на германскиот шампион Баерн Минхен не е премногу загрижена поради денешната фудбалска вест која ја потресе Европа според која Роберт Левандовски им порачал на челниците на актуелниот тим дека на крајот од сезоната сака да си замине и да се пресели во Барселона.

Но, вечерва германски „Спорт“ пишува дека челниците на Баерн Минхен не се потресуваат од оваа вест бидејќи не планираат да му дозволат на одличниот напаѓач да си замине доколку не пронајдат негова замена за следната сезона, дури и по цена идната година Левандовски да си замине како слободен играч.

Левандовски заврши со Баерн, ги известил челниците на клубот дека на лето оди во Барселона

Исто така, „Спорт“ пишува дека денешната вест дека Левандовски сака да си оди, е масло на агентот на фудбалерот, Пини Захави, кој со овој потег сака да добие што подобри услови за својот клиент.

Се очекува до крајот на месецот Захави и управата на Баерн Минхен да седнат за последен пат на маса и да разговараат за продолжување на соработката, а наредниот месец Захави треба да има средба и со првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот