Бадел 1862 е првиот финалист во женскиот кошаркарски Куп

жкк бадел женска кошарка
„Баделки“ ја оправдаа фаворитската улога против Струга 2009/Фото: kfsm.mk

Кошаркарките на Бадел 1862 денеска во СРЦ „Кале“ – Скопје ја оправдаа фаворитската улога откако славеше лесна и убедлива победа над Струга 2009 со резултат 80:44.

„Баделки“ стигнаа до уште едно финале во националниот Куп и за трофејот ќе играат против Кам Баскет 2011 или Вардар.

Водечките во домашното првенство го најавија триумфот во првата четвртина, реално единствената во која стружанки им пружија отпор.

Но, и во таков распоред на силите, ЖКК Бадел 1862 оствари двоцифрено водство (23:12). А како одминуваа минутите така слабееше и отпорот на гостинките од Струга. Во вториот период дадоа девет, во третиот исто толку.

На полувремето, фаворитот водеше со двојно повисоки 43:21, на истекот на третиот, недостижни 64:30.

Комплетната прва петорка на Бадел 1862 стигна до двоцифрен број на поени. Стојановска постигна 14, Трајчевска Димова и Матие по 12, а Димитријевиќ запиша 11.

Во екипата од Струга, Модева реализираше 10 поени. Куп финалето ќе се игра в недела со почеток од 17.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот