Бабиш: Лошото повлекување на војниците на НАТО ќе го зголеми притисокот врз балканската рута

Андреј Бабиш/ Фото: МИА

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш оцени дека погрешното и лошо повлекување на војниците на НАТО од Авганистан може да го зголеми притисокот врз балканската бегалска рута.

– Ненадејниот пад на авганистанската влада предизвика катастрофална ситуација која се заканува да прерасне во масовна бегалска криза. Заминувањето на трупите на НАТО, за кое верувам дека беше грешка, е опасна за нас и пред се, ненамерно може пак да го зголеми притисокот врз балканската миграциска рута е опасна за нас, рече Бабиш пред чешките амбасадори.

Тој повторно ја критикуваше Европската унија за одложување на проширувањето на Западен Балкан, тема што е меѓу главните приоритети на чешкото претседателство со ЕУ следната година.

„Неспособноста на ЕУ да се согласи да започне пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија ја гледам како голема грешка“, рече Бабиш.

Премиер Бабиш денеска предупреди дека земјата, благодарение на ЕУ и НАТО, има најголеми безбедносни гаранции во историјата.

„Никогаш во историјата немавме такви гаранции за безбедност, економски просперитет и заштита на човековите права, како што се обезбедени од ЕУ и НАТО. Благодарение на полноправното членство во двете организации, Чешка е посилен играч со поголема почит на меѓународно ниво, рече премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот