Бабиќ пред мечот со Кадетен: Спортот ги признава само победниците

Жељко Бабиќ верува во успех против Нексе во Лигата на Европа/ фото: РК Еурофарм Пелистер

Во вторник (22 февруари) со почеток од 18.45 часот против Кадетен Шафхаузен во салата „Боро Чурлевски“ составот на Е. Пелистер ќе го игра својот осми натпревар сезонава во рамките од групата „Д“ во Лигата на Европа.

Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ вели дека се анализирани противниците, кои се нивните специјалности, на која позиција се добри и кои се нивните специфични движења.

Низ видео анализи и тренинзи битолачни ќе се обидат да го најдеме најдоброто за нивното издание и да ја изведат најдобрата тактичка подготовка за дуелот против Швајцарците.

– За разлика од минатата година сега малку сме во полесна резултатска позиција кога говориме за табелата, но сметам дека во спортот нема полесни позиции, туку имате една цел која не смее да варира, а тоа е победата. Без разлика дали сте први или петти, спортот ги признава само победниците, па така јас како тренер и моите играчи размислуваме на таков начин и така се подготвуваме, а на крајот ќе видиме дали ќе успееме на крајот во она кое го сакаме.

Кој го следи Е. Пелистер, знае дека играчите кои играат тука имаат страшен карактер, ангажман, дисциплина, одговорност и сакаат секогаш да победат. И покрај сите проблеми кои ги имавме во Франција, ракометарите покажаа еден неверојатен ментален интензитет. Секако, го загубивме натпреварот, не сум во целост задоволен и среќен поради тоа, но еден дел од мене е задоволен затоа што знам дека сите играчи, вклучувајќи ме и мене тука како тренер заедно со стручниот штаб, дадовме максимум за да победиме, но ете, не успеавме во тоа. Ама покажавме вистински карактер и тоа е нешто со сигурно го краси Е. Пелистер оваа година – вели Бабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот