Бабиќ по поразот од Мешков: Бевме уморни и емоционално празни

Е. Пелистер и Татабања и минатата сезона играа заедно во групната фаза /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во саботата Е. Пелистер во салата „Боро Чурлевски“ во првиот натпревар од четвртфиналето во СЕХА лигата загуби со 27:31 од Мешков Брест.

Играчите на хрватскиот тренер Жељко Бабиќ се свесни дека на реваншот ќе мора да одиграат подобро и се обидат да ја анулираат негативата во Белорусија за пласман на Фајнал-фор турнирот.

Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ:

– Честитки до екипата на Мешков Брест за победата. Бевме уморни и емоционално празни од настаните во последните две недели, но тоа е моја одговорност. Ја преземам одговорноста за физичкиот и тактичкиот дел. Игравме против одличен, искусен и физички силен тим. Имаме доволно време да се подобриме и да одиграме многу подобро во Белорусија. Убеден сум дека различен Е. Пелистер ќе излезе на терен следниот викенд и ќе игра достоинствено.

Ракометарот на Е. Пелистер, Матео Мараш:

– Мешков Брест беше многу подобар, одигра одлична одбрана и ја заслужи оваа победа. Мора да бидеме подобри, мора да работиме многу оваа недела и да одиграме многу подобар натпревар во Белорусија.

ВИДЕО: Е. Пелистер ја загуби првата битка со белорускиот Мешков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот